Дали NASA наскоро ќе создаде warp погон?

Warp погонот, основен елемент на научната фантастика, штотуку беше оценет како „возможен и заслужува дополнително истражување“ од паметните и ни малку луди луѓе во NASA.

И под „дополнително истражување“ тие подразбираат обиди за создавање на warp меури во лабораторијски услови. Принципот на warp погонот е доста едноставен. Ништо што постои во вселената не може да се движи побрзо од светлината. Решението за патување побрзо од светлината е да не патувате низ вселеанта.

Еден начин на кој може да се постигне ова е со користење на црвоточини за поврзување на две точки во вселената, но во научната фантастика (особено во Star Trek) поедноставен метод е да се избегне ограничувањето со виткање на вселната околу одреден предмет. Сè што е потребно за патување побрзо од светлината е создавање на warp поле со прстен егзотична материја.

Ова поле би го опкружило бродот во посебен дел од вселената, по што тој дел од вселената ќе се движи побрзо од светлината. Технички, бидејќи вселената не се движи, ниту еден дел од вселината не ги прекршува законите на физиката. Како погон за вселенски летала ова значи дека можете да го смалувате меурот пред бродот и да го проширувате меурот зад бродот со што ќе го придвижите бродот.

Иако теоријата звучи доста едноставна, создавање на функцонален експеримент е покомплицирано бидејќи подразбира користење на негативна енергија или друга егзотична материја која дури би можела и да не постои. Физичарите проценуваат дека енергијата која би била потребна за придвижување на неколку атоми е трипати поголема од енергијата содржана во Сонцето.

За вселенски брод би била потребна енергија неколку пати поголема од енергијата која може да биде создадена во целиот универзум, или со други зборови, овој погон најверојатно би бил непрактичен но би ни овозможил да патуваме до Алфа Сентаури за само две недели. [Warp drive may be more feasible than thought, scientists say]

- Реклама -