Сведоштвото на велешанецот кој го пронашол девојчето од 25 мај пред 4 месеци

Велешанецот кој пред четири месеци на улица пронајде 12-годишното девојче во бессознание вели дека дури сега по објавувањето на случајот со сексуално злоставуваната малолетничка од домот „25 Мај“, сфатил дека станува збор за истото девојче.

Таа во Велес била пронајдена во бессознание на 13 ноември лани. Нашиот соговорник вели дека ја пронашол на почеток на улицата Вера Циривири во вечерните часови.

„Беше понеделник вечер околу 22 до 22.15 часот се прибирав дома, кога на улицата во соседството забележав нешто како дете. Кога се приближив видов дека е девојче, кое не даваше знаци на живот, лежеше, не мрдаше. Минуваше и една жена, па заедно се обидовме да помогнеме. Имаше слаб пулс кога ја фатив за раката. Повикавме брза помош која дојде набргу, заедно ја качивме на носилката и ја однесоа во Болница. За настанот очекував следниот ден или наредните, информација во медиумите, стравував по нејзиниот живот, но немаше никаде никава вест“, вели соговорникот.

Тој додава дека девојчето било облечено несоодветно за ноември месец, било босо, без чорапи и обувки, со горна тренерка.

Целата статија прочитајте ја на порталот САКАМ ДА КАЖАМ.

- Реклама -