Лавица си посвоила антилопа (фотки)

Фотографот Гордон Донован, кој бил дел од сафари низ африканската савана, успеал да улови интересна глетка – лавица која си „посвоила“ младенче антилопа и се грижи за него како да е нејзино.

Освен што лавицата била забележана како си игра со малата антилопа, забележена била и додека ја брани од не баш пријателски настроената околина (читај: други бремени лавици кои барале храна).

Според објаснувањето на сафари водичот, лавицата имала свои младенчиња, но биле убиени кога нов доминантен мажјак дошол во групата.

Очигледно, мајчинските инстинкти на лавицата се далеку од изумрени.

„Беше тоа бизарна и шокантна глетка. Кога ја видов лавицата со мала антилопа, само го чекав моментот на убиство“, раскажува Донован. Ама ете, моментот не само што не дошол, туку лавицата почнала да ја лиже антилопата, исто како што мачките ги бањаат своите малечки.

 

- Реклама -