Граници – замислени линии што освен држави, знаат да делат и кафулиња, голф терени, Монт Еверест, па и деловни центри. Еве неколку такви.
Германија – Чешка
Граница? Повеќе личи на туристичка атракција.
Норвешка – Шведска
Во Норвешка и Шведска сé делува како да е под конец, па и границата, очигледно.
Полска – Украина
Големата риба ја симболизира токму границата.
Шведска – Финска
Знаевте дека можете да играте голф во две земји истовремено? Ете, во Шведска и Финска.
Аргентина – Бразил – Парагвај
Аргентина – лево, Бразил – десно, Парагвај – горе во средината.
Бразил – Уругвај
Бразил и Уругвај ги дели еден тротоар. Буквално.
Канада – САД
Границата помеѓу Канада и САД поминува низ едно гратче по име Derby Line. Притоа, сече и многу од објектите. Кафулево, на пример.
Белгија – Холандија
Оваа веќе сигурно ја знаете. Слично како во Дерби Лајн, и овде можете да влезете во кафуле во Холандија, а да отидете во тоалет во Белгија.
Непал – Кина
Границата меѓу Непал и Кина минува директно над Монт Еверест.
Германија – Холандија
Границата помеѓу Германија и Холандија минува низ деловниот центар Eurode. Иако поштенските сандачиња се наоѓаат од двете страни на границата, писмата стигнуваат до примачите една недела подоцна.
Русија – САД
Ова е остров помеѓу Русија и САД. Се наоѓа на само 35 километри од Чукотка и Алјаска. Сепак, временската разлика меѓу едната и другата е 21 час.
Кина – Монголија
На границата меѓу Кина и Монголија нема апсолутно ништо необично. А да, освен два диносауруса што се бакнуваат.