Рентген е штетно, ама да ти ја украдат ташната е поштетно

Празничните гужви по повод кинеската Нова година ни донесоа една уникатна ренген снимка каква што не се гледа секој ден. Имено, жена на железничката станица во Донгванг се поминала на скенерот за багаж заедно со својата чанта, зашто не сакала да ја изгуби од вид.

На видеото споделено на социјалните мрежи се гледа како еден од членовите на обезбедувањето ѝ објаснува дека да, дури и малите чанти мораат да поминат низ скенерот. Во следниот миг жената се губи од кадарот, а по кратко се појавува на излезот од скенерот, заедно со други торби и предмети.

Таквото однесување не само што е забрането, туку зрачењето на скенерот е и многу штетно по здравјето. Сепак, се смета дека жената во чантата ја носела целата своја годишна заработка, како и многу други кинески мигранти (од руралните средини во градовите) кои заработката ја носат дома во кеш токму за време на празнувањето на кинеската Нова година – најпрометниот дел од годината. Можеби да сме ѝ во кожа (да знаеме колку има во чантата) и ние би се сликнале во ваква поза:

 

- Реклама -