Да, аргентинските власти објавија награда од 98 милиони пезоси (4.9 милиони долари) за секој што ќе им достави информација која би помогнала во наоѓањето на подморницата „ARA San Huan“. Подморницата исчезна на 15 ноември минатата година, откако со 44 членови на екипажот го напушти градот Ушуаја на југот на Аргентина.
Огласот е објавен и на официјалниот сајт на аргентинското Министерство за одбрана. Во соопштението се наведува дека наградата ќе ја заслужи секој што ќе „овозможи информации и кредибилни податоци кои би овозможиле наоѓање на точната локација на подморницата“.
Спасувачката акција на аргентинската морнарица беше запрена на 30 ноември, но потрагата продолжи.