Чикаго над облаците (галерија)

Последниве 6 години, чикашкиот фотограф Peter Tsai речиси постојано е надвор и го фотографира градот. Ама не градот што повеќето го знаат, туку еден друг дел – тој над облаците.

Досега има собрано околу 50-тина фотографии од кои е задоволен. Иако смета дека се доволни за солидно портфолио, не планира да запре. Од друга страна, 50 фотографии во 6 години се доказ за тоа колку е комплицирано да оствариш еден ваков проект – од тоа да ги прогнозираш облаците, преку тоа да добиеш пристап до највисоките облакодери во Чикаго, па до тоа да си на панорамската платформа баш во правиот момент.

Како и да е, резултатот се така ретки и фасцинантни глетки што Tsai слободно може да рече „Вредеше“.

- Реклама -