Колку всушност беше моќна Falcon Heavy (аматерски видеа)

Falcon Heavy – најмоќната ракета во светот. Практично составена од три Фалкон 9 ракети, висока 70 метри, широка 12 метри, со 27 главни мотори со влеча (т.е. liftoff thrust – силата по вертикалната оска) од околу 2.260.000 килограми, и носивост од 64.000 килограми.

Сé тоа фино, но како тоа да го преведеме во човечки рамки, преку човечкото доживување? Па, најдобриот начин би било да сте некаде во (безбедна) близина за време на лансирањето. Вториот најдобар начин е да ги погледнете видеава од некој што бил во близина на лансирањето. За звукот зборуваме.

Претходно веќе ви споделивме една таква компилација, а ова во продолжение е од уште поголема близина и подобар агол. Слушнете ги само тие дупли сонични експлозии…

И овде:

Прочитајте и:  Спејсикс го лансираше шестиот пробен лет на Старшип од Тексас во присуство на Трамп

Но внимавајте, ова се само двата странични бустера, и тоа при слетувањето. Ние погоре зборувавме за полетувањето. Без гајле, имаме и такви.

Едно од најдобрите видеа, очекувано (зашто е ѕвер дечкото и секаде го викаат), го има Дестин од популарниот едукативен канал Smarter Every Day. Лансирањето е на 3:20. Слетувањето на бустерите на 6:15.

А еве и како тоа изгледа од кола паркирана на околу 5.5 километри (од 0:20 во видеото):

Па ете. Можеби сме ви малку досадни со видеава, ама ова ни е едно од највозбудливите нешта што сме ги доживеале… на интернет. Ако и вие се чувствувате исто, знаеме дека уживате. Ако не, очекувајте да го тупиме и во иднина, до следната amazing ракета.

- Реклама -