Девојка на возраст од 25 до 30 години во текот на вчерашниот ден била пронајдена мртва во тоалетите на трговскиот центар „Скопје сити мол“.
По налог на обвинител телото е предадено на обдукција, а официјалните причини за смртта ќе бидат познати деновиве. Од МВР го потврдуваат случајот, но не откриваат подетаљни информации.