Иран планира да направи сопствена, потполно локално контролирана верзија на интернетот, со цел да ја одржи строгата контрола на протокот на информации во јавноста. Ова од насловот не е шега, стварно планираат да се вика „Халал нет“.
Халал нет се случува во време кога Иран бележи 40 години од револуцијата од која произлезе нејзината теократска власт.
Во текот на претходните четири години, властите охрабруваа широка употреба на интернет меѓу Иранците, во надеж дека ќе се извлечат бенефити од помодерните економии. Ама, слободниот интернет доведе до тоа скоро половина од иранската популација да поседува мобилен (ефект од интернетот кој ретко го размислуваме) – или во ирански услови: орудие кое државата се обидува да го ограничи. Имено, паметните телефони помогнаа во ширење на простестите кои избија ширум Иран годинава.