Во своите почетоци и следните неколку години, Интернет беше извонредна ствар. Во последно време, меѓутоа, социјалните мрежи го претворија главно во кофа за бљувотини (читај: место каде секој може да си го каже мислењето, колку и да е глупо). Па така, секој критицизам стана „x (x = пополни по желба) shaming“, а луѓево почнаа да се однесуваат како некој да им гарантирал човеково право дека никој веќе за ништо нема да им префрли и дека никогаш во животот веќе нема да се почувствуваат навредени.
Нашава приказна овде се фокусира на „телесните стандарди“ во цртаните на Дизни, кои наводно се виновни што многу девојчиња се чувствуваат несигурни во себе затоа што не изгледаат како принцезите и пепелашките од цртаните. Како одговор, редовно на интернет ќе најдете по некој нов „артист“ што ги ре-илустрира тие ликови во „понормални пропорции на телото“, што по некоја случајност во скоро сите случаи значи подебели или пополнички.
На нашава женичка од насловот чашата ѝ се прелеала кога видела галерија со наслов „Еве како ќе изгледаа принцезите на Дизни ако имаа реалистични пропорции“. Ќе ја видите и низ текстов; но сепак еве линк)…
Постот, во целост:
„Може ли да престанеме да ги класифицираме ‘реалистичните пропорции’ како дебели, ве молам? Озбилни сте?
Дали луѓево стварно мислат дека сирена која константно плива ќе биде дебела? Или дека жена што живее во Франција пред Француската револуција ќе биде дебела? Или дека Индијанка што константно трча наоколу, помага во носење на тешки ствари и лови – ќе биде дебела?
Секогаш кога ќе видам такви статии се вадам од такт. Се гордеат со тоа нивното ‘о, помисли на сите мали дебели девојчиња што ги гледаат овие слаби принцези и се мразат себе си!’, ама не им текнува на малите слаби девојчиња кои слушаат дека луѓето зборуваат како да се биде слаб не е ‘нормално’ и ‘реалистично’ и потоа се чувствуваат лошо кон самите себеси.
Има две страни на секоја паричка. И слабите и дебелите деца ги зезаат зашто се слаби и дебели. Овие ср*ња не се прават заради ‘кутwите маwечки девojченца’, туку поради возрасни жени кои се несигурни во себе поради еб*н цртан“.
Еве ги тие нивните ‘реалистични’:
Линк до постот.