Кога амбалажата те прави мајмун (галерија)

Маркетингот е како секс. Некои брендови се обидуваат да воспостават пријатна и долга врска со потрошувачите и така да добијат своја верна клиентела. Други брендови користат валкани трикови за да те легнат, макар и еднаш.

Највалканиот меѓу тие трикови неретко е амбалажата. Веќе одамна сме навикнати во производите да наоѓаме помала количина од таа што е претставена на пакувањето, ама некои примери се едноставно навредливи. Во овие првиве реагираш како Калимеро, со „е не е фер“ и „другпат не купувам“. Во овие вториве ти иде да пукнеш нечиј нос, дури и ако крајната вина е твоја што не си го прочитал тоа со ситните букви. А да не зборуваме што залудно се троши амбалажа, било да е тоа вид хартија направена од исечено дрво, или пластика која веројатно ќе заврши на некоја депонија или во некое море.

1.

2. Пица со кулен…

3.

4. Свински ребра… Пола од тоа што ти ветува амбалажата.

5. „Нова поголема големина“… Веројатно парчињата се занемарливо поголеми, зашто количината очигледно не е.

6. Гумени бонбони… Колку да се рече.

7. На пакувањето: „Без глутен“ и „органско“. На етикетата: „Не сме глутен free и органско сертифицирани. Нашите производи се прават во фабрика која процесира храна која содржи глутен“…

8. Џамбо ракчиња…

9. Копилиња, ццц…

10. Гумени бонбони. Ти ги мислиш долги, а всушност се упола.

11. Две гратис виршли (претходно извадени од стандардното пакување)

12. Локуми, ама ќе ти се згорчи животот кога ќе сфатиш дека ги има само на средината, каде што пакувањето е проѕирно

13. Со крупни букви: „12 парчиња“. Со ситни букви: „12 мини ролни ако ги исечеш на четвртини“… Можеле слободно да пишат и „300 парчиња, ако ги исечеш на стотинки“.

14. Трикот со подигнато дно што ја пополнува скоро пола кутија.

15. Едното е 30%, а другото 40% проценти поголемо пакување. Така пишува.

16. Греота децата што ќе го купат.

17. Плаќаш моливи, а добиваш главно картон – со неколку моливи гратис.

18. Без коментар. Ова очигледно е честа пракса.

18. Мрсни бои. Изгледа ко да заборавиле да стават уште еден ред.

19. Фамилијарно пакување кашкавал. За едночлени семејства, изгледа.

20. Ти се пријало лосос… Си се заебал.

21. Божиќен пакет со млечни и сувомесни производи. Додуша од млечниве троа помалку.

22. Купуваш антивирус, а внатре нема це-де. Пишува „лесна инсталација“, а сé што ти треба е кодот впишан во внатрешноста. Колку корисно употребена пластика, нели?

23. Портокалите ги пакуваат во црвени мрежи за да изгледаат попортокалови (демек позрели). Ништо чудно и во маркетот да стојат под црвено светло.

24. Ова треба да е криминал.

25. Исто.

26. Ај дека нема да ти трае толку долго колку што мислеше кога ја купи…

27. Кога шишето со парфем/колонска ќе го ставиш под светло, дури тогаш сфаќаш всушност што и колку си платил.

28. Стикери за нокти. Не очекувај внатре да има уште стикери.

29. „64 мрсни боици“… Ни Ванѓа не би „видела“ дека сите се портокалови.

30. Некогаш апчињата ги пакуваат вака за да искористат стандардна големина на фолијата, но и за да имаат простор на позадината да ги пишат сите информации што сакаат да ги прочитате.

31. Маслиново масло. 90% составено од рафинирано сончогледово масло.

32. Чоколадо „со суво грозје“.

33. Економично пакување – 3 во 1. Ама тоа третото некако помало…

34. „100% џус… и други состојки…“ Ова ко Амди да го пишувал.

35. Сендвич што ќе најаде двајца. Бар така си мислиш додека не го отвориш.

36. Новогодишно пакување со чоколатца. Ако сакате да си ги растажите децата.

37. Тој еден бисквит во средината…

38. Уште еден пример на добро употребен картон.

39. Си купил момакот сирење. Ни за рендање врз тестенини нема да му стигне.

40. Пак свински ребра. Пак реброто скоро дупло помало од кутијата.

 

 

- Реклама -