Неколку примери на мориња кои се сретнуваат, но никогаш не се мешаат (галерија)

Станува збор за редок феномен кој се јавува само на некои места на нашава убава сина планета, а навистина овозможува фантастична глетка.

Карипско море и Атлантик 

На Бахамите, светлосината вода на Карибите е во контраст со длабоката темносина вода на океанот, а единственото што ги одделува е тесниот камен гребен – наречен „Glass Window“ („Стаклен прозорец“).

2. Skagerrak (Балтичко море) и Kattegat (Северно море) 

Северно од градот Скаген, кој воедно е и најсеверната точка на Данска, се наоѓа песочниот полустров Гренен. Тој се протега до точката каде се спојуваат Северното и Балтичкото море. „Средбата“ на двете мориња генерира силни струи и турбуленции, што значи дека е опасно и за навигирање, а камо ли за пливање. Тоа се случува затоа што брановите кои доаѓаат од спротивна насока се судираат (видливо при крајот на видеово).

 

3. Тихи Океан и Тасманиско Море 

Тасманиско море се наоѓа на работ на Тихиот океан, меѓу источниот брег на Австралија и островот Тасманија на запад, а Нов Зеланд, Норфолк и Нова Каледонија на исток. Точката која ги раздвојува се вика Cape Regina, со Тасманиското море на запад и Пацификот на исток. Повторно, тука водите се немирни и нестабилни, а спојот на водите за Маврите е симбол на спојот меѓу сето машко и сето женско на овој свет.

4. Егејско и Левантско (Источно-средоземно) море

При осеката, видлив е мал песочен дел кој ги поврзува ‘ртот Prassonissi со истровот Родос. Кога е плима, плажата ја прекриваат двете мориња, сé додека песокот целосно не исчезне. Поради силните ветрови, оваа точка е многу популарна кај сурферите.

5. Заливот на Алјаска

Заливот на Алјаска не е вистинка граница меѓу две мориња, но таму се сретнуваат два типа вода – едната е светлосина, а другата е океанска темносина. Ваквиот необичен природен феномен е резултат на надоаѓањето на тешка вода преполна со седименти, која доаѓа од глечерските долини и реките.

Леденичките реки се како пила која ги еродира тамошните планини, а при тој процес водата повлекува големи количини седименти.

- Реклама -