Суперберлинецот што ги покрива свастиките по германските улици со графити

Ова „суперберлинец“ звучи како раса на кучиња, но ајде во случајов да го замислиме како суперхерој од Берлин, затоа што на некој начин тоа и е.

Зборуваме за Ибо Омари, кој преку својата невладина Die kulturellen Erben („Културно наследство“) ја започна кампањата „Paintback“, која има за цел да го покрие најпознатиот симбол на омраза во поновата историја – свастиката, која сé почесто се појавува на улиците и ѕидовите низ Берлин и Германија, паралелно со зголемената активност на неонацистичките групи.

Омари знае дека некогаш најдобриот одговор на омразата е љубовта, и во случајов – креативноста, и токму тоа го прави и во пракса – ги покрива свастиките со забавни и уметнички графити. Неговата кампања брзо доби на популарност, па сега се прошири и низ други градови низ Германија, со други анонимни графити-артисти кои се приклучуваат на движењето.

Резултатите изгледаат вака:

PS. Свастиката на сликиве е цензурирана, претпоставуваме, зашто во Германија јавното изложување на симболот е забрането. Нас ако нé прашувате, многу подобро е светот да се едуцира и да се врати вистинското значење на свастиката (читнете ТУКА и ТУКА), отколку да се брише симболот од меморијата, но како и да е…

Вака неонацистите ќе бидат лути и единствен начин да се изборат против Paintback движењето ќе им биде да прекречуваат цели графити, а тоа е добра ствар – подобро да се зафатени со кречење отколку со омраза на расна основа.

 

 

- Реклама -