Најголемата уста во светот (видео)

Најголема уста во светотФранциско Доминго Хоаким е нов светски рекордер. Тој влегол во Гинисовата Книга на Рекорди 2011 поради неговата голема уста. Устата на 20 годишникот од Ангола има ширина од 16.99 сентиметри, и може да собере цела лименка, странично.

Франциско Доминго Хоаким е нов светски рекордер. Тој влегол во Гинисовата Книга на Рекорди 2011 поради неговата голема уста. Устата на 20 годишникот од Ангола има ширина од 16.99 сентиметри, и може да собере цела лименка, странично.

Најголема уста во светотАко тој податок не е доволен за да ве импресионира, Хоаким неодамна се појавил на италијанска телевизија каде што успеал да ја стави и извади лименката од неговата уста 14 пати во една минута, со што постави уште еден рекод. На натпреварувањето за најголема уста одржано во Рим, натпреварувачите ставале разни предмети во нивните усти, од мали чинии, до шишиња за пиво, сè со надеж дека ќе ја добијат титулата „Најголема уста во светот“.

Но Хоаким, или Чикињо како што го викаат во неговиот роден град Луанда, немал конкуренција. Во локалниот весник, “Zwele Angola”, пишува дека Чикињо често настапува на фудбалски натпревари и на локалните пазари. И иако никогаш не бил на стоматолог, еден од докторите на натпреварувањето во Италија рекол дека неговите заби се сосема здрави. Чикињо за весникот изјавил дека се надева дека ќе може еден ден да оди на училиште.

{youtube}N905o55cpIo{/youtube}
- Реклама -