Најглупавите подароци што некогаш сте ги добиле

Тераме празнична сезона, нема баш од секого да добиете подарок за рипање до плафон. На секого му се случило да добие неприкладен, глуп и непромислен подарок кој долго ќе го памети. Она кога го зимаш подарокот и под брк, со полукисела насмевка велиш „Фала, не требаше да се трошиш“, „Ама стварно“.

Вајс направиле супер анкета со колеги и пријатели во една реченица да им ги опишат најглупите подароци кои некогаш ги добиле. Еве ги одговорите:

Кога имав 5 години добив чоколатца полнети со ликер – Лиз (29)

Дечко ми ми купи одвратно ланче од казино – Кортни (26)

Половна машина за правење пуканки – Бил (25)

Стар примерок од часописот  „ПИПЛ“ – Алија (30)

Кабли за нова кола – Ливија (29)

Шампон за куче наменет за мене – Стефани (27)

Игрица за Гејм Бој, а никогаш не сум  имала Гејм Бој – Марија (34)

Вага која ги анализира телесните масти, на 16-ти роденден – Меган (33)

Полупразно шишенце лак за нокти – Тања (33)

Мене чорапи, на сите други Гејм Бој – Крис (37)

Јаже за скокање на средношкололска возраст – Никол (35)

Гипсан отисок од раката на бившиот дечко – Кели (33)

Загрижено колаче во облик на срце за Денот на вљубените – Џулија (26)

Прирачник за излез од животната криза – Никола (33)

Комплет полупразни шишиња вино – Шонти (39)

Мајка ми само што ми подари пинцета – Кари (22)

Векна леб од дечко ми – Лорен (37)

Тест за бременост од мајката на дечко ми – Кејт (36)

Бели бапски гаќи, три броја поголеми – Ејми (25)

Аквариум и дополнителна опрема, без риби – Ерика (36)

Барбики од баба ми, кога наполнив 17 години – Ана (26)

 

 

- Реклама -