Луис Хамилтон и неговите лицемерни модни избори

Сé почна кога Луис Хамилтон сподели видео од својот внук, со зборовите: „Многу сум тажен. Видете го внук ми“. Во видеото внук му е облечен како принцеза, а Хамилтон му објаснува дека машки не се облекуваат така.

Изненадување (или не?): Сега видеото е тргнато. Зошто? Зашто според Твитер, Хамилтон „промовирал негативни полови стереотипи“. Зашто „2017-та, ако не му кажале, е година во која момчињата можат да носат и фустани“.

Џабе и да си Хамилтон, на крај ќе мораш да се извиниш. Се извини и тој:

„Вчера си играв со внукот и сфатив дека моите зборови се несоодвени, па го избришав постот. Не мислев ништо лошо, и воопшто не мислев некого да навредам. Го обожавам тоа што внук ми се чувствува слободен да се изрази, како што треба и сите ние“.

Ама Твитер не се лади туку така. Луѓево почнаа да му копаат по минатото за да покажат колку он бил лицемерен така да му зборува на внукот, кога и самиот носел нешто слично. Ова било спорното.

Им кажал некој на луѓево дека Хамилтон е веројатно најдобриот возач на денешницава?

- Реклама -