Мајките со поинтензивни утрински мачнини раѓаат поинтелигентни деца

Канадските научници тврдат дека децата чии мајки имале интензивна утринска мачнина додека биле бремени имаат поголем просечен коефициeнт на интелигенција.

Истражувањето било направено во Торонто во болницата Hospital for Sick Children, а испитаници биле 121 мајка и нивните деца кои биле на возраст од 3 до 7 години.

Според истражувањето кое било направено се покажало дека жените кои пателе од интензивна утринска мачнина родиле деца со поголем коефициент на интелигенција, за разлика од децата во случаите кога утринската мачнина кај мајките не била толку изразена.

Истражувачите напоменуваат дека користењето на лекови против утринска мачнина не е поврзано со интелигенцијата на децата, па затоа мајките кои имаат интензивна утринска мачнина можат слободно да си ги земаат лековите – се истакнува во истражувањето кое е објавено во Journal of Pediatrics.

Прочитајте и:  Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Утринските мачнини се многу чести во почетокот на брменоста, а се поврзани со низа хормони одговорни за развојот на постилката. Според некои други истражувања интензивната утринска мачнина укажува и на намален ризик од спонтан абортус или предвремено породување.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -