За тие што не се убедени дека „1234“ е буквално првата четирицифрена комбинација што му текнува на секој човек што знае да брои барем до 4, постојат еден куп докази црно-на-бело.
Пасворди и PINови се хакираат веќе со децении, а Ник Бери – експерт за податоци од Фејсбук, ги проучува токму најчестите. Резултатите од неговата студија не се воопшто изненадувачки, барем не кога се работи за најупотребуваните 15. Убедливо прв е „1234“, а тука некаде е и „1111“.
Јасно е како ден, овие треба најмногу да ги избегнуваме. Но студијата нa Бери, од друга страна, ги опфаќа и најмалку користените. Е таму веќе нештата се далеку понепредвидливи.
Најретките 15 (почнувајќи од најчестиот кон најреткиот) се следниве:
7063 го користат 0.001131% од луѓето
6093 го користат 0.001131% од луѓето
6827 го користат 0.001101% од луѓето
7394 го користат 0.001101% од луѓето
0859 го користат 0.001072% од луѓето
8957 го користат 0.001042% од луѓето
9480 го користат 0.001042% од луѓето
6793 го користат 0.001012% од луѓето
8398 го користат 0.000982% од луѓето
0738 го користат 0.000982% од луѓето
7637 го користат 0.000953% од луѓето
6835 го користат 0.000953% од луѓето
9629 го користат 0.000953% од луѓето
8093 го користат 0.000893% од луѓето
8068 го користат 0.000744% од луѓето
Сега кога знаете дека „8068“ е историски најретко користениот PIN немој да ви текне тој да го користите. Ниту па било кој друг од листиве.