Двајца лингвисти, Дејвид Харисон и Грегори Андерсон, биле на патување во североисточна Индија, во мисија да документираат дијалект на тамошниот јазик. Наместо тоа, случајно откриле јазик што претходно не бил документиран.
Двајца лингвисти, Дејвид Харисон и Грегори Андерсон, биле на патување во североисточна Индија, во мисија да документираат дијалект на тамошниот јазик. Наместо тоа, случајно откриле јазик што претходно не бил документиран.
Една лингвистичка експедиција предводена од Дејвид Харисон и Грегори Андерсон, во североисточниот дел на Индија, во регион на Хималаите во кој може да се влезе само со посебна дозвола, случајно наишла на недокументиран јазик, со едвај илјада говорители. Откритието доаѓа во многу важен период, зашто како и многу друг мали јазици, и овој е во изумирање.
Лингвистите отишле во индиската држава Аруначал Парадеш, во областа помеѓу Кина и Мјанмар, за да ги проучат сите дијалекти на Ака заедницата. На патот до малото село, високо во ридовите, тие морале да преминат планинска река со сплав направен од бамбус, да се искачуваат по непристапен терен, но на крајот сето тоа се исплатело. Во селото во кое се нашле, откриле јазик (наречен Коро), кој има заедничко потекло со Ака јазикот, но е различен јазик. Тоа се должи на различните синтакса и лексика што ги користат овие жители.
Заедно со јазикот Коро, на светот се говорат вкупно 6910 различни јазици. Секако, ова е само приближна пресметка, со оглед на фактот што состојбата се менува секојдневно. Постојат јазици со само неколку преостанати говорители и по нивната смрт, умираат и јазиците. Од друга страна, во некои изолирани подрачја, можеби постојат уште јазици што чекаат да бидат откриени. [Undocumented language found hidden in India]