Една од карактеристиките на подвидот „македонче“ е кога ќе се врати од печалба во странство овде да се однесува како таму да го пунеле со сина (ака. кралска) крв. А реалноста често не соодветствува со таквиот имиџ.
Многу од нашинците таму надвор низ „белиот свет“ работат како градежници, овчари и слично. Не дека во тоа да си градежник или овчар има нешто лошо. Има лошо само во тоа да глумиш дека си нешто што не си.
Струмичанецот Горан Миланов нема таков проблем. Тој си е приземјен и си кажува искрено како стојат работите. Згора на тоа, па и хумористичар. Не знам за вас, ама такви луѓе во нашиот дневник оценуваме со чиста петка.
Повелете едно видео од неговиот живот во Швајцарија (не заборавајте да пуштите звук):