Најдолгиот тунел на светот

ТунелНајдолгиот тунел на светот се наоѓа под Швајцарските Алпи и е долг неверојатни 56 километри. Тунелот се гради уште од 1993 година, а ќе биде завршен дури во 2017.

Најдолгиот тунел на светот се наоѓа под Швајцарските Алпи и е долг неверојатни 56 километри. Тунелот се гради уште од 1993 година, а ќе биде завршен дури во 2017.

ТунелВо моментов, најдолгиот тунел за патувања (постојат подолги тунели кои служат како водоводи) е Сејкан тунелот во Јапонија (речиси 54 км). Се работи за железнички тунел, исто како и вториот најдолг тунел, Ламанш (50,5 км).

Но, она што е интересно кај овие два тунела е фактот што голем дел од нив е поставен на морското дно, додека новиот најдолг тунел, Готард Бејс Тунелот се гради во карпи, под Швајцарските Алпи.

Штом ќе биде завршен, во 2017 година, низ тунелот долг 56 километри ќе може да се патува со воз, од Цирих до Милано, за околу 2 и пол часа, нешто за што вреди да се почека 7 години.

- Реклама -