Зракот на смртта поставен на нов хотел во Лас Вегас

ЗракСонцето во Невада е опасно по здравјето на луѓето. Но, истото тоа станува уште поопасно кога ќе изградите огромен хотел во пустината, сиот прекриен со стакло, што се претвора во џиновска лупа.

Сонцето во Невада е опасно по здравјето на луѓето. Но, истото тоа станува уште поопасно кога ќе изградите огромен хотел во пустината, сиот прекриен со стакло, што се претвора во џиновска лупа.

ХотелНовиот хотел Вдара во Лас Вегас има еден сериозен недостаток. Архитектите кои го дизајнирале, очигледно не ги зеле предвид сите фактори, а најмалку локацијата на која што тој е изграден. Сонцето во Невада е опасно по здравјето, но станува уште поопасно, кога ненамерно ќе го засилите со „зракот на смртта“.

Хотелот Вдара има конкавна форма и целосно е покриен со стакло. Ова предизвикува одбивање и фокусирање на сончевите зраци. И можеби тоа не би било страшно, доколку зраците најчесто не се фокусирани на, и околу базенот кој се наоѓа пред зградата. Неколку гости кои се релаксирале крај базенот пријавиле сериозни изгореници, а биле забележани и неколку случаи кога се запалиле најлонски ќеси под дејство на фокусираните зраци.

Дизајнерите, најверојатно исплашени од потенцијалните тужби, веќе работат на решавање на фундаменталниот проблем. А во меѓувреме, менаџментот на хотелот решил дека треба да се постават поголеми и подебели чадори за заштита на гостите. [Las Vegas hotel guests left with severe burns from ‘death ray’ caused by building’s design]

- Реклама -