Tesla Truck ги помина сите очекувања кога беше претставен пред околу еден месец.
Дебито на камионот беше доволно за извршниот директор на Tesla – Илон Маск да се пофали на Твитер со следниве зборови: „Ова ќе ви ги лансира мозоците надвор од черепот во друга димензија“.
Најголемиот аргумент за фалење беше тоа што Tesla вети масивни мегаполначи (megachargers) кои ќе овозможат Tesla електричниот камион да помине 645 километри по само 30 минути полнење. Тоа значеше дека камионот побрзо ќе биде вратен на патот и ќе им заштеди на компаниите ресурси и време кои инаку би биле потрошени за долевање на гориво.
Група професори од Оксфорд решија да испитаат дали струјата потребна за мегачарџерите (да наполнат камион со доволно енергија за да се оствари ветувањето на Маск) навистина оди во прилог на зелената мисија на Tesla.
Џон Федерсен и неговите колеги од Aurora Energy Research пресметале за еден мегачарџер да наполни една батерија на камион за ветените 30 минути, потребна е моќност од 1.600 киловати. Во превод? Тоа е доволно енергија за да се задоволат потребите на 3.000 до 4.000 просечни куќи, вели тимот за Financial Times.
Истражувачите исто така истакнуваат и дека модерните батерии, заедно со моменталната батериска технологија, се неспособни да поддржат ништо ни блиску до ветеното 30-минутно полнење за новиот Tesla камион.
Федерсен го истакнува и аспектот на инфраструктурата потребна да поддржи патишта со електрични возила (не само Tesla). Вели дека постојат два начина – глуп и паметен, да се инкорпорираат овие побарувања за капацитет во инфраструктурата, но и вака и така, ќе биде потребна многу нова инфраструктура.
National Grid, на пример, која го надгледува електричниот систем во Британија, проценува дека електричните автомобили и камиони до 2050-та ќе побаруваат 18 гигавати повеќе енергија во споредба со моменталната. Тоа е еквивалент на 6 нуклеарни централи.
Да се вратиме на полначите. Најбрзите денешни полначи можат да поддржат околу 450 киловати, па не е јасно како Tesla ќе ја постигне ветената брзина, вели Колин МекКерачер од Bloomberg New Energy Finance.