Мостов на Laguna Garzon во Уругвај е уште еден доказ дека архитектите не секогаш гледаат мостот да биде што е можно пократок.
Овој во Уругвај се состои од два полукружни моста, кои на двата краја се соединуваат за да создадат прстен. Изграден е во замена за сплавот кој претходно бил единствениот начин да се помине од Рока во Малдонадо, и обратно.
Но што фајде од ваков необичен кружен дизајн? Архитектот Рафаел Вињоли има совршено логичен и функционален одговор; Како прво, закривениот дизајн ќе ги принуди возачите да забават – така зголемувајќи ја безбедноста. Како второ, тоа што ќе забават, заедно со фактот дека полукружниот мост е подолг отколку што би бил прав мост, им дава повеќе време за панорамско уживање на возачите и патниците во глетката на овој прекрасен пејзаж.
Пред мостот да биде изграден, сплавот дозволувал само два автомобила да поминат во даден момент. Згора на тоа, сплавот работел само во одредени периоди од денот, и само на денови без ветер и бури.
Со тоа Рока бил отсечен од развојот што Малдонадо го доживува во последните декади. Новиов мост дозволува лагуната да ја поминат 1.000 автомобили дневно, и се очекува да го подобри развојот на крајбрежјето, сосе Рока.