Македонија во топ 10, но по најниски плати

Нашата држава е меѓу десетте во Европа со најниски плати, покажало истражување на украински аналитички центар.

Најниски плати се земаат во Украина, кадешто просекот изнесува 190 евра. Во овој топ 10 се наоѓаат и Србија, белорусија и Албанија.

Меѓу десетте држави со најниски плати се и Грузија, Ерменија, Белорусија, Казахстан, Албанија, Македонија и Србија. Според податоците на украинскиот центар, највисоки се платите во Швајцарија каде просечната плата е 4.421 евро, како и во Исланд и во Норвешка каде просечните примања се 3.440, односно 3.405 евра.

- Реклама -