Најголемиот подводен музеј на светот

подводен музејМексико се подготвува да стане новиот дом на најголемиот подводен музеј. Околу 400 скулптури изработени од бетон ќе бидат сместени во водите на Карибите, во близина на туристичкиот центар Канкун. Владата на Мексико го прави ова за да привлече поголем број на туристи и нуркачи во регионот.

Мексико се подготвува да стане новиот дом на најголемиот подводен музеј. Околу 400 скулптури изработени од бетон ќе бидат сместени во водите на Карибите, во близина на туристичкиот центар Канкун. Владата на Мексико го прави ова за да привлече поголем број на туристи и нуркачи во регионот.

подводен музеј
подводен музеј

Со овој потег, мексиканските власти сакаат да го одвлечат вниманието на нуркачите и туристите од локалните корални гребени кои почнуваат да страдаат од многуте посетители. За да го посетите новиот најголем подводен музеј, ќе треба да почеката само до наредната година.

Прочитајте и:  Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство

подводен музеј
подводен музеј
подводен музеј

Скулптурите кои ќе бидат поставени на морското дно, се направени од PH-неутрален бетон, кој може да послужи како дом за алги и школки, со што ќе се развие и одржува екосистемот на коралните гребени. Со тек на време, оригиналниот изглед на скулптурите ќе биде променет поради раст на корали.
подводен музеј
подводен музеј
подводен музеј
- Реклама -