Топ 6 „скриени“ животни

криптидиКриптозоологија е наука која, според криптозоолозите, ги изучува „скриените“ животни. Оваа наука е релативно млада, и нејзина задача е да бара животни за кои биологијата вели дека не постојат, се легендарни или се класифицирани како изумрени. Животните кои криптозоологијата ги изучува и бара биле класифицирани како „криптиди“ во 1983 година.

Криптозоологија е наука која, според криптозоолозите, ги изучува „скриените“ животни. Оваа наука е релативно млада, и нејзина задача е да бара животни за кои биологијата вели дека не постојат, се легендарни или се класифицирани како изумрени. Животните кои криптозоологијата ги изучува и бара биле класифицирани како „криптиди“ во 1983 година.

Многу луѓе се скептици на оваа тема, но со откривањето на целакантот, риба за која одамна се мислело дека е изумрена, во почетокот на минатиот век, идејата за неоткриени животни кои се кријат во модерниот свет станала многу популарна мисла. Ова се шестте најпопуларни криптиди кои криптозоолозите во моментов ги изучуваат и бараат.

Нанди мечки
криптиди

Во модерна Африка воопшто не можат да се најдат мечки, но голем број на фосили наведуваат дека еден вид на мечки живееле таму до неодамна. Постојат неколку африкански легенди во кои се спомнуваат мечки, што само ги поттикнува верувањата дека мала популација на мечки сè уште живее во неистражените дивини на Африка. Овие суштества наводно е видено од многу луѓе во Африка, но кај племето Нанди, по кое мечките го добиле своето име, можат да се најдат најмногу приказни за средби со нив. Некои научници мислат дека суштествата се само неоткриен вид на џиновски бабуни. Криптозоолозите од друга страна се возбудени од идејата дека овие мистериозни цицачи се кој било од двата вида, и упорно ги бараат по планините во источна Африка.

Јети
криптиди

Јетито е еден од најпопуларните криптиди во модерната култура. За него се вели дека е суштество, слично на човеколиките мајмуни, кое живее на големи надморски височини на Хималаите. Легенди за ова суштество не ни постоеле пред пристигањето на планинари од западните земји во регионот помеѓу Тибет и Непал во деветнаесеттиот век. Животното и неговите чудни траги, наводно биле видено неколку пати од планинари кои се искачувале на планините. Научниците веруваат дека она што го виделе планинарите всушност било само мечка, или дури и човек скитник кој сакал да се изолира од општеството. Сепак, Јети сè уште е едно од најпопуларните животни меѓу криптозоолозите, иако не е најден никаков доказ за неговото постоење.

Црни пантери
криптиди

Црните пантери се вистински животни. Тој термин се користи за опишување на која  било голема мачка која е целосно црна, без разлика дали се работи за леопарди од Африка и Азија или Јагуари од Централна и Јужна Америка. За овие два вида се знае дека порано живееле и во делови од Европа или јужните региони на Северна Америка. Но, криптозоолозите во моментов истражуваат случаи на црни пантери пријавени во места каде што не би требало да постојат, како Британија, централниот па дури и северниот дел на Северна Америка. И додека некои научници тврдат дека овие животни не се ништо повеќе од избегани домашни миленици, други мислат дека овие црни големи мачки се нов вид на диви мачки.

Чудовиштето од Лох Нес
криптиди

Суштеството опишано како морска змија кое наводно живее во Лох Нес во планините на Шкотска е криптид кој бил забележан уште во седмиот век. Но, Неси, како што некои го викаат чудовиштето, стана популарно дури во триесеттите години на минатиот век. Безброј тимови криптозоолози го имаат истражувано езерото во потрага по суштеството за кое многумина веруваат дека е плесиосаурус, вистинско морско чудовиште од времето на диносаурусите, или можеби некој нов вид на езерска змија, но никој нема цврст доказ зa постоењето на чудовиштето.

Бигфут
криптиди

Бигфут е екстремно влакнест криптид кој наликува на човеколик мајмун и оди на две нозе. Ова суштество било видено во речиси секоја поголема шума во Северна Америка. Но, најголем број на пријави за контакт со ова животно се од северозападниот дел на континентот, крај брегот на Пацификот – американските сојузни држави Орегон и Вашингтон и канадската провинција Британска Колумбија. Приказни за влакнест див човек можат да се најдат во фолклорот на Домородните Американци од овој регион и пред нивниот контакт со доселениците. Но, во педесеттите години од минатиот век ова суштество станало национална легенда и сите планинари го барале и при најздодевните прошетки низ шумите. Модерни приказни за контакт се појавуваат речиси постојано, но криптозоолозите сè уште бараат вистинско суштество кое би можело да се зароби (или барем труп) и не се задоволуваат со отпечатоци од стапала или матни фотографии.

Чупакабра
криптиди

Буквалниот превод на зборот чупакабра е „цицач на кози“, бидејќи ова животно наводно се храни со цицање на крвта на добитокот. Латино американски населби во Мексико и САД се најчести места каде што може да се чуе за средби со ови мали суштества, но приказни за нив можат да се слушнат на север дури до сојузната држава Мејн и на југ дури до Чиле. Но, „домот“ на овие суштества несомнено е Порторико, каде што во деведесеттите години од минатиот век имало голем број на пријавени напади врз добиток извршени од чудни животни. Иако ова животно науката го класифицира како современа легенда, криптозоолозите не се комплетно убедени. Некои од нив со сигурност тврдат дека се работи за нов вид на диво куче, па дури и мали мечки. Овој криптид е едно од најбараните животни во моментов бидејќи пријавените средби се скорешни и многу детални.

- Реклама -