И после фоткиве, па и прикаскава давате отказ од работа, 100%

Парот кој посети 50 земји и трошеше помалце од 400 денари дневно

Кога ќе остариш и кога ќе ти побели косата и ќе ти се збрчка лицето, многу често ќе сакаш да се навраќаш назад и да се присеќаш на некои работи од минатото. Ќе бидеш ли доволно храбар да се запрашаш дали си ги следел твоите соништа? дали си отишол на патувањето кое долго време си го планирал? Па и на она најнепланираното, кое можело да испадне уште поубаво и поавантуристичко? Луѓето во поодминати години често знаат да се навратат на младоста па и да се покаат за тоа што можеле да го направат тогаш, а не го направиле. Некои поради тоа што не ги следеле соништата, други поради недостаток на пари …

И едното и другото се демантираат во прикаскава подолу.

За паров лимити не постојат

Керол „Чарли“ Левандовски и Александра Слузарчик се млад пар од Полска кој ептен има мерак по патување.

Им се патувало ептен, ама имале проблем, кој го имаат 99,9 % од младите … финансии.

… без разлика … си тргнуваат на пат

Во ниту еден момент, фактот дека тргнуваат со малку пари, не ги спречува во отстварувањето на нивната цел…

Купуваат VW T3 (1989 годиште) за 600 еура од Полска, го цртаат и тргнуваат по својот пат

Комбето постојано се расипува, дури толку често што стануваат сами мајстори и си го поправаат…

Се’ супер, ама како патувале без пари?

Пресметката уште од старт им била, 8 долари дневно …

Во комбето си имале електричен туш, кревет, кујна и конвертер од 22 волти, па не им бил потребен хотел, ни било каков смештај…

Секако венот е каде каде подобра опција од хотел…

Не шетале по ресторани, си купувале  храна од маркет, и си готвеле сами… уште еден извор за заштеда…

Поминале една ноќ и во куќата на пар, кој го запознале на патувањето

Бензинот им бил најголем трошок, но и за тоа имале решение.

Патувале со разни луѓе со кои ги делеле трошоците за плин, и од сите места кои ги посетиле купивале разгледници кои ги трампале за литро плин.

Парот посетил 50 држави и поминал 150 000 километри на 5 континенти 

 

- Реклама -