Благодарение на достапноста преку интернет, јапонското аниме е сé попопуларно и меѓу младината во нејапонските општества. Во последно време особено е популарно во САД, а сајтовите со вирални содржини сé почесто постираат за „уметници“ кои претвораат Дизни и други познати ликови во аниме карактери. Аниме карактерите сé повеќе доминираат и кога во игра се маски, т.е. косплеј. За идните цртачи на аниме меѓу вас, следува една важна лекција.
Како и многу други нешта во аниме-то како жанр, аниме женските гради се разликуваат од женските гради во реалниот живот. Очигледно, овие анимираните се често поголеми и позаоблени од нивните реални пандани, додека истовремено се и поеректирани – како карактерот што ги носи постојано да се наоѓа во некакво локализирано антигравитациско поле (читај: ништо не ги влече надоле).
Но уникатните особини на аниме градите исто така ја афектираат и аниме модата. Со толку големи и испакнати гради, уметниците посветуваат многу време размислувајќи околу тоа како облеката треба да лежи врз облините на женските карактери. Илустраторот и твитерџија Moyugen реши да помогне.
Moyugen направи рамо-до-рамо визуелна споредба на трите најкористени и најпроверени стилови.
1) Стилот најлево, Muyogen го вика chichibukuro, т.е. „boob bag“. Многу почеста појава во анимето отколку во реалниот живот, облеката при овој стил на цртање е како ергономска вреќа што темелно ја прегрнува секоја града посебно, дури и од долната страна (позната како underboob).
2) Стилот во средина, Muyogen го нарекува chichi tent, т.е. „boob tent“. При овој стил, облеката подразбира повеќе материјал, за кошулата да може да биде наместена во здолништето и да формира „шатор“ кој ги покрива двете гради заедно, при што се помалку истакнати за разлика од првиот стил.
3) Стилот најдесно е chichi curtain, што во теорија може да биде истата кошула од chichi tent, само што овој пат е извадена од кошулата и оставена да виси како завеса. Ефектот е покоцкасто тело, но како што гледате и сами, тоа не го намалува ефектот на истакнување на градите, напротив.
Е сега, некој би се прашал зошто таквата потреба да се посвети толку внимание на тоа како е покриен градниот кош на женските аниме карактери, кога и онака најголем дел од аниме фановите и манга читателите ќе регистрираат само „девојка со големи гради“. Но од визуелната споредба на Muyogen јасно се гледа дека се работи за важна финеса – секој од трите стилови оддава сосема поинаква „вибрација“.
Chichibukuro-то очигледно е најзаводливо, бидејќи алудира на непристоен сексуален интерес, особено што кошулата би морала да биде специјално скроена за така да ги завитка градите. Во меѓувреме, chichi tent е за нешто „поприбрани“ женски карактери, додека chichi curtain се чини како најбезбеден избор за женски лик што едноставно има големи гради, но не сака да привлекува внимание со нив (ама сепак се истакнати зашто илустраторот сака).
PS. За неупатените кои се прашуваат зошто не е спомнат никаков стил со мали гради – дај не бидете смешни.
PPS. Шегата на страна. Иако целава статија ја пишуваме пред сé на мајтап, ова е важна вештина да се знае за манга и аниме професионалците.