Американска тинејџерка именувана само како Џизел на страницата „Синдерела ескортс“, ја продала својата невиност за три милиони долари. Таа вели дека на овој начин таа го остварила својот сон.
Најголемата понуда ја дал бизнисмен од Абу Даби, и на овој начин ја престигна досега неименуваната личност од Холивуд и руски политичар.
Оваа 19-годишна Американка вели дека парите кои ќе ги добие има намера да ги искористи за плаќање на школарината и за патувања.
„Никогаш не мислев дека ќе добијам толку пари. Ова е остварување на сонот. Мислам дека трендот на продавање на невиноста всушност е своевиден облик на еманципација на жените и ме шокира кога ќе слушнам кога луѓето им забрануваат на жените да го прават тоа. Ако сакам мојот првпат да биде со некој кој не е моја прва љубов, тоа е моја одлука“, истакнува Џизел.
Тврди дека веќе резервирале хотел во Германија, и дека бизнисменот и Џизел ќе имаат обезбедување. Наводно и едниот и другиот можат да се откажат ако посакаат.
Оваа агенција за ескорт е најпозната во светот, но за многумина е многу контроверзна. Една Холанѓанка чија ќерка ја понудила својата невиност пред профилот да ѝ биде отстранет од страницата ја обвинила агенцијата за нелегална. Таа тврдела дека ги искористува младите девојки и дека нејзината ќерка има ментални проблеми, а сè почнало како од шега.
Шефот на агенцијата е 27-годишниот Германец Јан Закобиелски, кој целиот бизнис го води од својата соба во Дортмунд. Обвинувањата ги смета за смешни.
„Се разбира дека мајката сака сите имиња на девојки да се тргнат од интернет-страницата и зборува секакви приказни. Дали добивте впечаток дека девојката на снимката има психички проблеми? Не би рекол“, прокоментирал Закобиелски.