Пред помалку од шест години најголемиот хамбургер во светот тежеше неверојатни 35.6 килограми.
Но светот не запира, прогресот не смее да биде спречен. Black Bear Casino Resort во Карлтон, Минесота неодамна направи нов хамбургер кој тежи 913,5 килограми. Хамбургерот има дијаметар од 3 метри и содржи 27,2 килограми сланина, 22,6 килограми зелена салата, 22,6 килограми сечкан кромид, 18 килограми корнишони и 18 килограми кашкавал.
Казиното сè уште нема поставено цена за овој хамбургер но најверојатно ќе биде достапен со помфрит и сок како дел од целосен оброк. Со ваков раст за околу осум години хамбургерите ќе тежат колку Ајфеловата Кула. [World’s Largest Cheeseburger Weighs A Literal Ton]