Жителите на Исланд не сакаат во ЕУ

Најголемиот дел од жителите на Исланд не сакаат нивната држава да стане членка на ЕУ, покажуваат резултатите од анкетите на „Галуп“.

Имено, 59,8% од жителите на Исланд се против пристапните преговори со ЕУ, како и против воведување на еврото како валута.

По економската криза во 2009, властите од Исланд поднесоа кандидатура за членство во ЕУ, но и покрај тоа, граѓаните при секоја анкета се изјаснуваат против пристапување кон Европската Унија.

Извор на веста: Слободен печат

Прочитајте и:  Руте: Најдобро е земјите кои и обезбедуваат оружје на Украина да не и поставуваат ограничувања за тоа како да го користи
- Реклама -