Музиката може да биде опасна, моќна, а дури и ненамерно – да служи како политичко оружје. Сите тоталитарни режими во историјата го знаеле тоа, па затоа и толку цврсто ги стегале цензорските канџи околу истата. Особено кога се работи за панк рок и метал, скоро и да нема земја во која не ги биело лош глас, имало тоталитарен режим или не.
Како и да е, речиси секогаш кога се наметнува цензура врз музиката, причините звучат толку параноично преувеличени што човек помислува дека некој се зезал (или во реалноста, дека морал да најде некаква причина, макар и да ја измисли).
Таква е и листава објавена од „Комсомол“ (формирана како младинско крило на Комунистичката партија, во 1918). Во вкупно 38-те наведени музички опасности се вклучени бендови и музичари од куп жанрови, особено панк, рок, метал, диско и New Wave. Целта на листата била „интензивирање на контролата врз активностите на дискотеките“.
Што се однесува до најинтересните на листата, човек не знае од кај да почне. На листата е и Хулио Иглезијас (на сликата, за помладите попознат како татко на Енрике Иглезијас) – забранет поради „неофашизам“, а „панк“ е наведен како причина сама по себе, како во случајот на Ramones…
Еве ја целата листа:
Еве ако преферирате на англиски: