Грчките полициски служби уапсиле возач на комби кој се обидел во Грција да прокриумчари 50 бегалци кои потекнуваат од Блискиот Исток.
Полицијата навела дека го забележала комбито на автопат во близина на грчко-турската граница. Возилото е запрено по полициска потера.
Во комбито се пронајдени бегалци 50 лица: 30 од Сирија, 19 од Ирак и едно лице од Авганистан.
Полицијата соопшти дека бегалците платиле по 1.500 евра за илегален влез во Грција.
Возачот е уапсен и обвинет за загрозување на животот на патниците, кои поради големата бројност морале да стојат во возилото.