Со лажни продавници против рецесијата

fake-shops-englandГрадското собрание на Тајнсајд, мало гратче на северот од Англија, презентираше несекојдневен начин за справување со рецесијата – лажни продавници.

Градското собрание на Тајнсајд, мало гратче на северот од Англија, презентираше несекојдневен начин за справување со рецесијата – лажни продавници.

fake-shops-england

На газдите од овој град им здосадило да гледаат празни продавници па почнале да поставуваат лажни на една од своите фрекфентни улици, за да се добие впечаток дека се зафатени.

Продавниците добиле изглед од компјутерски исцртаните постери, кој бил толку реалистичен што случајните минувачи подзастанувале за да погледнат што има во излозите, додека други воопшто и не приметиле дека се работи за лажни продавници.

Луѓето на Тајнсајд се надеваат дека со овој потег би можеле да привлечат нови бизниси во областа – компании кои не се плашат од „конкуренцијата“.

Ова е едноставен и евтин начин да се понуди празниот простор и воедно креативен обид да се вратат купувачите на улиците, кои во времиња на рецесија се полупразни. [North Tyneside high street ‘revived’ by fake shop front]

- Реклама -