Тајфунот Лан ја погоди Јапонија

Во налетот на тајфунот Лан загинале најмалку две лица во Јапонија, а препорачана е евакуација на децетици илјади жители од ризичните подрачја.

Поради невремето коешто ја зафати Јапонија откажани се и голем број авионски летови.

Едно од загинатите лица поради ветерот паднало од градежно скеле, а вториот загинат е рибар кој не успеал да го исконтролира својот брод во бурата.

Тајфунот Лан е бура од четврта категорија. Кон Јапонија се движел со брзина од 50 километри на час, носејќи обилни врнежи и силни ветрови.

Се очекува тајфунот да удри на јапонскиот остров Хоншу, но и да се доближи до Токио, по што се прогнозира дека ќе заслабне до бура од втора категорија.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот
- Реклама -