На 24 август, во Бордо, Франција, 8 деца со хендикеп се качија на Airbus A310 Zero G, за да бидат дел од бестежинскиот лет „Kid’s Weightless Dreams“. Се работи за иницијатива за иницијатива на организацијата „Rêves de Gosse”, која над 20 години работи на зближување на „извонредните“ (деца со хендикеп или болни) и „обичните“ деца, преку разни едукативни проекти поврзани со авијација, и еве, сега и бестежински лет.
Летот беше изведен во соработка со Европската вселенска агенција (по нашки ЕВС, инаку ESA) и Novespace. Децата се избрани од пет земји членки на ESA – Британија, Франција, Германија, Белгија и Италија. Друштво им правеа астронаутите на ESA од соодветните земји: Tim Peake (Британија), Frank De Winne (Белгија), Maurizio Cheli (Италија), Thomas Reiter (Германија), Claudie Haigneré и Jean-Francois Clervoy (Франција).
Целосна бестежинска состојба при Zero-G летовите се постигнува со репетитивни параболични маневри на авионот (нешто слично, патем, можеби ќе си дочекаме и ние, ако еден ден заживее идејата на Илон Маск за „меѓуградско“ патување со ракета).