Иронијата на маските е што не го кријат носачот од светот, но криејќи ја неговата надворешност, изразуваат многу повеќе од неговата внатрешност. Кога зборуваме за маски како културни обележја, како кај племињата, иронијата е уште поголема – маската изразува повеќе за нивната култура отколку што би можело самото лице на човекот.
Денес тоа можеби и не важи; кога на разни маскенбали секое второ дете е маскирано во популарен Дизни лик, а пола млади момци и девојки се маскираат во вампири… Ама кај домородните Американци на раниот 20-ти век, зборуваме за Индијанците, се разбира, тоа е и те како видливо. Од Навахо до Коскимо и Kwakiutl, домородните племиња на Америките им придавале огромно социјално и културно значење на маските. Ги користеле за раскажување приказни, танцови, спиритуални церемонии и сл. Од друга страна, самите маски претставуваат рачно изработени ремек дела; на моменти прекрасни, на моменти застрашувачки, ама секогаш визуелно впечатливи.
Фотографот и етнолог Едвард Куртис има овековечено дел од маските на индијанските племиња од првите декади на 20-от век, во времето кога американските владини полиси силно туркаа кон трајно исчезнување на овие домородни култури.
Дополнителни детали за секоја од маските можете да видите ТУКА.