За сите кои нѐ следат и постојано ни коментираат, па и за тие што не нѐ следат и не ни коментираат, за најпаметните у друштво и за најдосадните на кафе или пијанка, од денес имате можност да си СЕ ОТВОРИТЕ на 365.com.mk.
Муабетот е следен: Кликате на копчето „ПИШИ СИ ПОСТ“, се логирате на 365 (лесно е) и почнувате да истурате душа, сива мозочна маса, знаење или информација, колку литри сакате. Со други зборови, сé што сметате дека треба да биде кажано или вреди да биде споделено.
Нормално, постот ќе оди на одобрување од наша страна за во случај да не се „отворите“ премногу, онака ко што не треба, па ние да го кркаме дебелиот крај.
Откако ќе биде одобрен, за што ќе добиете нотификација, постот излегува на порталот, во категоријата „Исповедална“ (во нашите категории ќе ја најдете под „Останато“).
Постовите ќе се објавуваат на Фејсбук фан страната на 365.com.mk, која брои повеќе од 85.000 фанови (пазете што и како пишувате).
Со оглед дека планот ни е да филтрираме што е можно помалку, секој пост ќе излегува со „дисклејмер“ кој ќе гласи дека не гарантираме квалитет. Тоа не значи дека не го очекуваме.
Постовите што ќе ни фатат око, од друга страна, може да се најдат и на насловна, а на социјалните мрежи ќе бидат објавувани со препорака.
На крајот на текстот можете да се потпишете со име, со бројка, со „X“, со шкртка, или воопшто да не се потпишете.
Тоа е околу правилата, а сега распалете…