Ватикан, во своето официјално гласило, „Римскиот набљудувач“, им оддаде признание на сите оние што работат и работеле на анимираната серија „Симпсонови“ за нивната смисла за хумор и философските ставови за религијата. Воедно, папата им го честита дваесеттиот роденден.

„Симпсонови“ е веројатно серијата што до сега најмногу ја критикувала религијата како феномен, но за разлика од „Саут Парк“ на пр., тоа го прави суптилно и философски. Ватикан, преку својот весник „Римскиот набљудувач“, им го честита дваесеттиот роденден на жолтите ликови со четири прсти и им оддаде признание за интелигентниот пристап и хуморот, додавајќи дека смеата е најдобар лек за душата, а никој не предизвикува смеа толку добро како нив.
Во многу епизоди, жителите на Спрингфилд се занимавале со религиски дилеми, најмногу преку ликовите на Хомер Симпсон, Нед Фландерс и свештеникот Лавџој.
Свештеникот Лавџој секогаш проповеда со чуден тон и неразбирливо и предизвикува забуни кај оние што дошле да го чујат. Нед Фландерс е толку посветен на религијата што ги заборава и занемарува сите останати нешта, а Хомер успеа да пронајде математички доказ дека не постои господ (додека ги средувал даноците). Но, во други епизоди, има зборувано лично со господ, му се има обраќано, а она што најмногу го засмеало папата е репликата: „Обично не сум религиозен човек, но ако си таму горе, спаси ме, Супермен!“
Ова признание за Симспонови докажа дека не секоја критика мора да биде дочекана на нож, а воедно дека и папата има смисла за хумор.