Џејмс Бул, за време на снимањето на документарец за Камчатка, местото познато како земјата на оган и мраз, скокнал со падобран над еден вулкан, од височина од 1800 метри. Но тогаш, нешто тргнало наопаку…
Џејмс Бул, за време на снимањето на документарец за Камчатка, местото познато како земјата на оган и мраз, скокнал со падобран над еден вулкан, од височина од 1800 метри. Но тогаш, нешто тргнало наопаку…
Џејмс Бул во својот живот има изведено преку 2500 скокови од авион. Во минатото, се случувало да скока и по неколку пати во денот. Се работи за искусен падобранец кој ги знае сите трикови на овој екстремен спорт и би можел да ги предвиди сите нешта што би можеле да тргнат наопаку.
Но, за време на снимањето на еден документарец во Камчатка, Русија, место што е познато како земја на оган и мраз, експедицијата решила да направи скок од хеликоптер, од помала височина, т.е. од 1800 метри. Нештата оделе според планот, до моментот кога Бул забележал оти може детално да ги распознае нештата на земјата и сфатил дека се наоѓа на не повеќе од дваесетина метри пред сигурна смрт.
Во очај, Џејмс го отворил падобранот, но тој немал доволно време ни да се отвори до крај, туку само благо го ублажил падот, притоа подигнувајќи му ги нозете нагоре. Со речиси терминална брзина, паднал на грб и се онесвестил. По некоја секунда, се разбудил и сфатил колку всушност е среќен што е жив. Имал сериозни повреди, прободено белодробно крило, блага хипотермија итн., но на крајот, успеал да се опорави. Како врв на неговата упорност доаѓа најавата дека за еден месец ќе биде подготвен одново да скока. [Experience I fell 6,000 feet and survived]