Миа Калифа (24), која има либанско-американско потекло, работеше (веќе не) во порно индустријата кратко време, но брзо стана една од најголемите порно ѕвезди. Таа е една од најпребаруваните имиња на Pornhub, а порно славата ѝ донесе и некои непосакувани „фанови“.
Како што раскажа во интервју за радио шоуто The Sports Junkies, уште од самиот почеток на кариерата Калифа почнала да добива закани од Исламска Држава, наводно. Имено, ѝ пратиле нејзина фотошопирана слика со отсечена глава, „за да види што ја чека“. Заканата била упатена преку социјалните мрежи.
На прашањето дали заканите ја загрижувале, Калифа беше искрена:
„Ме загрижуваа(т), ама се обидувам да не го покажам тоа, бидејќи не смееш да покажеш слабост. Тоа е токму тоа што сакаат да го постигнат. Навистина се обидувам да изгледам како да ми е неважно, но признавам, по некое време те стигнува стравот“.
Спорната сцена што што ја претвори Калифа во мета на ИСИС, е сцената во која Калифа има секс додека носи хиџаб. Набрзо следеа критики и во Либан, и во другите области на Блискиот Исток.
Во интервју за Washington Post во 2015-та, Миа рече дека била изненадена од негативните реакции во нејзината татковина.
„Веста дека мојата татковина ме мрази ме погоди повеќе од сé друго… Сцените со хиџаб беа сатирични… Има холивудски филмови во кои муслиманите се прикажани во многу полошо светло отколку било која сцена што Bang Bros (продукциската куќа зад порно сцената) би моежеле да ја снимат“.
Калифа, инаку, има христијанско потекло. Живеела во Либан до своја 10-годишна возраст, а потоа нејзиното семејство се преселило во Мајами, каде што живее и денес. Миа, пак, сега работи како спортски и културен кореспондент.