Во локалната протестантска црква на Свети Јаков во Herxheim am Berg во германската сојузна покраина Рајна-Палатинат, сé уште бие камбана со изгравиран кукаст крст и посвета на нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, останата од (слободно може да се рече) најтемниот период во германската историја.
По ново, ѕвоното веќе не ѝ припаѓа на црквата туку на општината, а неговата судбина е во рацете на општинскиот совет и политичарите. Советот, од своја страна, едногласно одлучи да се консултира со експертите, кои ќе треба да имаат во предвид дека нацистичкиот реликт им создава непријатност на повеќето жители во регионот, од кои многумина бараат негово отстранување.
„Едноставно не оди… некое дете овде да биде крстено и над главата да му бие ѕвоно со нацистички натпис (и посвета до Хитлер)“, вели една локална жителка. „А многу парови се венчаат во таа црква, а за ѕвоното појма немаат“.