Фотографот Чарлс Траб го документира светот низ својот објектив скоро 50 години. Ако го прашате кое место му оставило неспоредливо најголем впечаток – Италија.
Иако ја посетил милион пати во текот на животот, омилениот период од животот му се патувањата за време на ’80-тите, кои се и најзаслужни за неговата љубов кон земјата, но и најважен период во неговата фотографска кариера. Во тоа време Траб патувал во Италија секоја година, секогаш на разни места, поминувајќи по 2 – 3 недели во фотографирање на тоа што го знаеме како La Dolce Vita – слаткиот, убав живот. Траб го нарекува La Dolce Via – „слаткиот пат“, референца за живиот и интимен уличен живот што отсекогаш ја краси италијанската култура.
Да му ѕирнеме низ објективот.