Љубовта е најдобар лек за болка

Резултатите на група истражувачи од Калифорнискиот универзитет се категорични дека прагот на чувствителноста кон болката е поголема кога сакаме и се чувствуваме сакани, т.е. дека љубовта претставува своевидно аналгетско средство.

За да следат како романтичните чувства ни го формираат чувството за болка, научниците на чело со главниот истражувач, Д-р Наоми Ајзенбергер, испитале 17 вљубени жени. Набљудувајќи ги активностите на мозокот со помош на магнетна резонанца, истражувачите предизвикувале болка преку електричен полнеж. Во тоа време жените гледале слики од својот сакан, на некој познаник или некој предмет.

Иако струјниот удар бил со идентична сила, при проценка на степенот на болка, жените едногласно покажуваат дека најслаба била болката добиена додека го набљудувале ликот на партнерот.

Од тимот успеваат научно да го објаснат феноменот. Кај луѓето полни со љубов, активноста на вентромедиалниот префронтален кортекс е посилна, што има за цел да ја инхибира активноста на центрите за болка во мозокот.

Освен тоа, научниците забележале ниска активност на клетките во цингуларниот кортекс, кој е одговорен за формирањето на реакциите при стрес. Ефектот е толку посилен, колку што се посилни чувствата меѓу двајцата партнери.

Не е случајно тоа што кога го делиме животот со некој близок, се чувствуваме посигурни. Причината повторно може да се бара во вентромедиалниот префронтален кортекс.

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -