Кога ќе им кажеш на луѓе деќа ќе одиш во Сараево, сите те советуваат задолжително да пробаш сараевски бурек. Тоа што нема да ти кажат е дека твојата формулација на бурек ги вади Босанците од такт, иако по природа се душа луѓе.
За да изнервираш Босанец ти требаат само три збора – „бурек со сирење“. Тоа е меѓу првите нешта што го учиш во Босна; дека бурек со сирење е оксиморон, такво нешто не постои. Изразот „бурек со месо“, исто така, е нон-сенс. Се разбира дека е со месо, е*ен бурек е!
Со други зборови, во Босна бурекот по дифолт е со месо. Ако не е со месо, не е бурек. Може да е сирница (по нашки: бурек со сирење), може да е зелјаница (по нашки: бурек со спанаќ/зелје), може да е кромпируша (со компир) итн., ама бурек не е.
Се лутат што се лутат, и задолжително ќе те прекорат, ама грешат. Бурекот доаѓа од Турција и самата дефиниција на зборот се однесува на тестото, кое може да се наполни со месо, ама и со сирење или зеленчук.
Сепак, Босанците се убедени дека се во право и тешко дека тоа ќе се смени. А и не дека има потреба. Камо сите да се жестевме само на вака симпатичен начин само околу вака симпатични теми. Затоа, кога ќе одиш во Сараево, пробај бурек. Батали сирење.