На 23-24 септември, оваа година на нова локација – во Градскиот парк на терените “Работнички”, ќе се одржи третото издание на Health, Fitness & Wellness Expo – најголемиот досега интерактивен настан за здрав животен стил.
Минатите две изданија поминаа повеќе од успешно и покрија огромен број на теми за здравиот начин на живеење, здравата исхрана и спортувањето, што укажува на фактот дека интересот кај македонската публика сé повеќе и повеќе се зголемува. Оваа година, организаторите ветуваат уште поголем настан и уште побогата програма, распределена на четири сцени и тоа: Health, Fitness, Wellness и Kids Corner.
HFW Expo е настан кој нуди голем број на бесплатни корисни совети и информации, промотивни понуди, едукација, вредни награди, отворени тренинзи, третмани и тоа за сите возрасни граници, потреби и навики. Токму затоа посетителите на овој настан се од најразлични возрасни групи, пол и професии. Повеќе за првото и второто издание на HFW Expo погледнете тука и тука.
Повеќе информации за годинешниов настан, ТУКА.