Патувањето по автопатиштата во Северна Кореја е одлично искуство, бидејќи ти овозможува да го видиш секодневниот живот во руралните региони кои не се контролирани од владата до степен како што е Пјонгјанг, вели фотографот Ерик Лафорж.
Автопатите ги поврзуваат големите градови и се речиси тотално без автомобили. Тоа создава многу чудна атмосфера, особено што патиштата се широки како авионски писти. Додуша, се во лоша состојба и со многу дупки и нерамнини (Ерик е од Франција, па ова земете го со резерва).
Локалните жители ги користат автопатите за секојдневни активности. Автомобилите се толку ретки, што секое возило го пресретнуваат со извесна доза на изненаденост.
На патот ќе сретнете луѓе што се обидуваат да фатат превоз. Но во Северна Кореја сé е строго организирано, па водичот ќе ви каже дека не смее да собере други патници. Ќе ви каже и дека е опасно да застанете некаде на автопатот за да одите до веце на пример. Има конкретно предвидена пауза, и во случајов со Ерик Лафорж тоа било на пола пат.
… На пола пат, каде што има продавница и возачот слободно може да си купи соџу (алкохол од ориз). Севернокорејците пијат соџу како да е Редбул, иако има поинаков ефект.
Во продавницата, постер.
На патот ќе видиш и работници што поправаат дупки, или го чистат. Безбедноста, очигледно, не им е првиот приоритет.
Животот на патиштата си тече како и вон нив.
На некои делови, крај патиштата ќе наидете и на диви тезги. Едно јаболко кошта еквивалент на 1 евро.
Од толку малку автомобили, да наидеш на најамериканскиот можен џип – Хамер, e вистински празник. Ама и голема иронија, со оглед на тоа колку се сакаат С. Кореја и САД.
По сите патишта во близина долж границата со Јужна Кореја, има поставено вакви бетонски столбови. Наводно се таму за да бидат бутнати и да го блокираат патот во случај на (американска) инвазија.
Ќе видите и по некој ваков споменик. Ко да е планиран да послужи и за бариера, не?
Во Северна Кореја нема патарини, ама не можеш да го напуштиш Пјонгјанг без специјална дозвола.
Од друга страна, забрането е да влезеш во Пјонгјанг со нечисто возило. По долгото патување по автопатите, некаде пред влезот во Пјонгјанг, возилата мора да бидат исчистени.
Интересно е што единствените адвертајзинг билборди се за автомобили. Нормално, (веројатно) вакви немате видено. Се работи за брендот Pyeonghwa Motors.
За крај, уште малку пропаганда.
Сигурно пишува нешто од типот „нашиот голем лидер…“.