Д-р Сем Хенк го има изгубено својот син додека бил бебе, и не сака и вас да ви се случи истото.
На социјалните мрежи, како што забележува, сé почесто познати и млади татковци споделуваат слики од нив и нивните бебиња што им спијат на гради. Да, тоа изгледа сwатко, неодоливо и топи од нежност, и токму тоа прави Хенк да е загрижен е дека сé повеќе татковци и мајки ќе го следат трендот.
Тој најдобро знае колку е тоа опасно. Така го има изгубено синот. Го заспивал на гради. Заспал и тој со него. Се разбудил неколку часа подоцна за да сфати дека неговото бебе се стркалало на земјата и починало од падот. Истиот исход може да следи и ако родителот во спиење се преврти и притоа го нагмечи бебето.
Таквата смрт кај бебињата се нарекува Sudden Infant Death Syndrome (SIDS). Хенк работи на тоа да ги едуцира родителите во однос на опасноста. Вели дека секоја година умираат доволно бебиња за мајките и татковците да имаат добра причина да се откажат од примамливите добри селфиња со своите најмили и најмали.
Хенк порачува никако да не спиете со бебето. Ставете го во креветче. Немојте ни да го легнувате во вашиот кревет. Кога сте преморени, не секогаш можете да контролирате што правите во сонот. Затоа, не правете глупости ни кога сте будни.